СЗО и ЦДЦ: Сипаниците се непосредна глобална закана

Речиси 40 милиони деца во светот ја пропуштиле вакцината против сипаници во 2021 година поради тешкотиите предизвикани од пандемијата со Ковид-19, се наведува во заедничкиот извештај на Светска здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

– И додека случаите на сипаници не се зголемат драматично во споредба со изминатите години, сега е време да се дејствува, изјави експертот за морбили во СЗО, Патрик О’Конор.

Тој додаде дека се уште нема експлозија на заразени со сипаници е поради социјалното дистанцирање и цикличната природа на морбилите.

Сипаниците се еден од најзаразните човечки вируси што речиси целосно може да се спречи со вакцинација. Сепак, 95 проценти покриеност со вакцинација е потребна за да се спречи појава на вирусот меѓу населението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.