СЗО испраќа екипа во Кина да го истражи потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) следната недела ќе испрати екипа во Кина за подобро да разбере како почна епидемијата на коронавирусот, изјави синоќа генералниот директор Тедрос Адханом Гебрејесус.

-Познавањето на изворот на вирусот е многу, многу важно, изјави Тедрос, a пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека очекува посетата да доведе до разбирање на тоа како почна епидемијата и што може да се направи за светот да се подготви за тоа што го чека во иднина.