Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во неделата дека во последните 24 часа во светот зе регистрирани 230.370- случаи на зараза со коронавирусот, што е рекорден дневен раст од почетокот на пандемијата, и со што бројот на потврдени случаи на инфекција со новиот коронавирус надмина 12,6 милиони луѓе.
Претходниот дневен рекорден раст од 228.102 случаи е забележан на 10-ти јули. Во саботата беа пријавени 219.983 случаи на зараза и 5.286 смртни исходи.
Во истиот извештај на СЗО се наведува и дека бројот на смртните исходи од коронавирусот во светот повторно во последното деноноќие изнесува 5.289, односно во седумте месеци од избувнувањето на паднемијата на Covid-19 надминува 565.000 починати.
Регионот на Северна и Јужна Америка е на чело на листата според бројот на коронаинфекциите со 6.540.222 случаи. Бројот на новозаразените во регионот се зголемил за уште 142.992 лица, а бројот на починатите во последните 24 часа пораснал за 3.500 на вкупно 283.357 починати.
Во Европа од почетокот на пандемијата коронавирусот е потврден кај 2.907.654 лица од кои починале 203.285 луѓе. Во последното деноноќе во СЗО се пријавени нови 18.804 случаи на заразата и уште 448 смртни исходи.
На третото место на оваа листа се Источно-Средоземноморскиот регион, каде вкупно се заразени 1.271.338 луѓе, од кои 30.652 се починати. Во текот на последното деноноќие во овој регион бројот на заразените се зголемил за 15.361 случаи, а на починатите за 510 лица.