СЗО: Ковид-19 циркулирал во Вухан и пред декември 2019

Експертите од Светската здравствена организација кои трагаат по потеклото на коронавирусот во Кина утврдиле дека епидемијата на вирусот од декември 2019, всушност била распространета повеќе отколку што се мислело. Тимот побарал итен пристап доо стотиците илјадни примероци на крв на населението.

Шефот на мисијата на СЗО Петер Вен Ембарек за Си-Ен-Ен изјавил дека мисијата открила дека вирусот бил многу повеќе распространет во 2019 година и дека во декември во Вухан постоеле десетина мутации на вирусот. Тимот разговарал и со првиот заболен, барем според тврдењето на официјалните лица, чиновник во 40-тите години кој никаде не патувал, а регистиран е како позитивен пациент на 8 декември.

Постепено се појавуваат нови детални податоци кои мисијата на СЗО ги прибирала, а кои би можеле дополнително да ја потвдат загриженоста на одредени научници кои претходно го испитуваа потеклото на коронавирусот, дека тој во Кина бил раширен многу порано пред првиот регистриран официјален случај.

Ембарек, кој се вратил во Швајцарија од Вухан, изјавил дека „вирусот бил широко распространет во Вухан во декември, што е ново откритие“.

Специјалистот на СЗО за безбедност на храна истакнал дека кинеските научници претставиле 174 случаи на коронавирус во и од околината на Вухан од декември 2019 година. Од тие, 100 се потврдени со лабораториско тестирање, а останатите 74 со клиничка дијагноза на симптомите.

Ембарек истакнал дека тимот на СЗО од 17 научници и 17 кинески експерти го проширил генетскиот материјал на вирусот кој бил проучуван и благодарение на тоа, за првпат откриени се 13 различни ггенетски секвенци на САРС КОВ-2 вирусот во декември 2019 година. Овие секвенци, ако се споредат со пошироките податоци од цела Кина во 2019 година би можеле да дадат добри насоки за географијата и тајмингот на епидемијата пред декември,

Промените во генетскиот код кај вирусот се вообичаени. Ембарек одбил да заклучи дека 13-те мутации значи дека вирусот се појавил пред декември, но откривањето на колку соеви наведува на помислата дека вирусот циркулирал повеќе од еден месец, а генетскиот материјал кој тимот на СЗО го собрал е прв физички доказ за оваа теорија.

Ембарек истакнал и дека кинеските научници на неговиот им им дале анализа на 92 случаи од октомври и ноември 2019 година, за кои се мисли дека биле позитивни на коронавирус. Тимот на СЗО побарал истите да бидат тестирани на антитела во јануари годината. Само 67 прифатиле да се тестираат и сите биле негативни. Ембарек вели дека со понатамошни тестови треба да се утврди дали антителата може да останат една година во телото на пациентот.