СЗО: Мала е веројатноста за масовна вакцинација против Ковид-19

Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против новиот коронавирус.

Таа рече дека мнозинството се согласува дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е со најголем ризик, а потоа на ред се постарите лица за вакцината.

– Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година, рече Сваминанатан.

Таа предупреди дека, и покрај тоа што бројот на смртни случаи од коронавирус е намален на глобално ниво, расте бројот на пациенти кои се сместени на оддели за интензивна нега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.