СЗО: Најмалку 90 отсто од светската популација се со одреден имунитет на Ковид-19

Mutating virus concept and new coronavirus variant outbreak or covid-19 viral cell mutation and influenza background as dangerous flu strain medical health risk with disease cells as a 3D render.

Светската здравствена организација изрази задоволство од фактот дека Кина релаксираше некои од своите рестрикции воведени во текот на пандемијата коронавирус, оценувајќи дека „многу е значајно владите да ги слушаат своите луѓе, кога тие страдаат“.

Според директорот на вонредни ситуации во СЗО, Мајкл Рајан, увезувањето на одредени вакцини, како оние на Фајзер и Модерна, претставуваат солидна опција за Кина за засилување на имунитетот во своето население.

Глобално, СЗО проценува дека светот е се поблиску до крајот на пандемијата, заради високата стапка на вакцинација, но и прележаност на вирусот.

СЗО проценува дека најмалку 90 отсто од светската популација веќе има барем некое ниво на имунитет на САРС-КоВ-2, заради претходна инфекција или вакцинација. Многу сме поблиску до тоа да може да кажеме дека вонредната фаза на пандемијата е завршена, но се уште не сме таму, вели Тедрос Гебрејесус.