СЗО: Нападнати неколку украински здравствени центри, оштетени се 34 болници во Украина

Светската здравствена организација потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесен од британските медиуми.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко, пак, изјави дека „руските терористи веќе оштетија 34 болници во Украина, поради што некои од нив воопшто не се во можност да даваат услуги“, пренесе Укринформ.

„Денеска непријателот онеспособи 34 болници низ целата земја. На некои од нив им се уништени зградите, прекинати мрежите, останати се без услуги за снабдување со вода и електрична енергија. На некои целосно им е оневозможено да работат. Тоа е уште едно прекршување на Женевската конвенција, која прецизира дека здравствените работници не можат да бидат вклучени во војна и воени конфликти. Окупаторите го занемаруваат тоа, намерно ги прекршуваат сите одредби од Женевската конвенција и уште еднаш докажуваат дека не се војска, туку терористи“, изјави Лиашко.