СЗО: Не препорачуваме комбинирање на вакцини, засега немаме доволно податоци

Светската здравствена организација информира дека поради недоволно податоци не може да даде препорака за комбинирање на различни вакцини против ковид-19.

„Не пстојат податоци за да може да се каже дека тоа може да се направи“ и според тоа експертите на СЗО заклучиле дека „комбинација на вакцини во овој момент не можат да препорачаат“, вели портпаролката на СЗО Маргарет Харис.

Таа потсетува дека тој став е усвоен од Стратегиската стручна советодавна група за имунизација (САГЕ) во февруари при објавата на препораката за вакцината на АстраЗенека и пред иформациите за можната поврзаност на таа вакцина со ретки нуспојави.

Таа потенцира дека тие експерти тогаш повикале да се испита можноста за комбинирање на вакцини против ковид-19.