СЗО нема да ја исполни глобалната цел од 40 отсто вакцинирани во секоја земја

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) нема да ја исполни својата цел до крајот на годинава во секоја земја во светот да има вакцинирано 40 отсто од населението против Covid-19, а особено сериозни се недостаците во Африја, за што голем дел од вината се припишува на трупањето вакцини во богатите земји.

Од 194 земји и територии членки на СЗО, околу половината сигурно нема да ја исполнат зададената цел. Во околу 40 отсто од членките, пак, не се вакцинирани ниту 40 отсто од населението.

СЗО голем дел од винаната го припишува на трупањето вакцини против Covid-19, особено во богатите земји кои веќе спроведуваат дополнителни вакцинации, покрај двете вообичаени дози. Ширум светот повеќе од 8,6 милијарди дози се применети до вторникот, но најголемиот дел во богатите земји коишто можат да договорат сопствени договори со производителите на вакцините.

Десетици земји во светот зависат од резервите на COVAX механизмот, програмата за поделба на вакцините кој го поддржуваат Обединетите нации, а чија цел е да ги набави вакцините за сиромашните земји. Просперитетните земји се критикувани дека не прават доволно за да поддржат глобалната праведна распределба на вакцините преку COVAX.

Меѓутоа, испораките на вакцините преку споменатата шема пораснале последните седмици. До последната седмица во декември, COVAX испорачал 722 милиони дози.

Сепак, податоците даваат погубна слика. Според СЗО во Германија се употребени 171 доза од вакцините на 100 жители, а на Мадагаскар малку над 2,7 а во Демократска Република Конго 0,32 дози на сто жители. Во повеќето африкански земји оваа бројка, во најдобар случај, е двоцифрен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.