СЗО: Нема причина за запирање на вакцината AstraZeneca

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) соопшти во петокот дека „нема причина за запирање“ на вакцинирањето со препаратот против коронавирусот на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“, откако поради претпазливост е запрена употребата во повеќе земји на Европската унија.

„Да, треба да продолжиме со користењето на вакцината на AstraZeneca… нема причина за нејзино запирање“, изјави во петокот Маргарет Харис, портпаролката на СЗО, на редовниот брифинг со новинарите на оваа агенција на Обединетите нации чие седиште е во Женева.

„Позицијата на Европската комисија на медициксите агенции за надозр и процена на ризикот е дека придобивката (од вакцините) и натаму се поголеми од ризиците (…) Имаме и регионален Консултативен комитет на СЗО за безбедност на вакцините, кој ја разгледува безбедноста на сите вакцини. Тие го проучуваат овој сигнал и во моментов ги проценуваат извештаите за AstraZeneca и веднаш штом ќе ја имаме одлуката на комитетот“, ќе ве известиме“, појасни Харис.

Истакна дека Данска, Исланд и Норвешка, ги сопреле употребите само на одредени серии од вакцината на „AstraZeneca“ поради предострожност. Но Харис, не ги спомена и Австрија и Италија, кои исто така, воведоа исти мерки, претходно ги донесоа Естонија, Литванија, Латвија и Луксембург, а во петокот им се приклучи и Бугарија.

Данската здравствена агенција, којашто прва ја донесе таквата одлука, се повика на претпазливост поради „тешките случаи на згрутчување на крвта кај лицата кои ја примиле вакцината“, иако „засега“ не е докажана поврзаноста на вакцината и згрутчувањето на крвата. Австрија во неделата ја прекина употребата на серија од оваа вакцина по смртта на 49-годишна медицинска сестра неколку дена по вакцинирањето откако добила „тешко нарушување на згручувањето на крвта“. Нејзина 35-годишна колешка од клиниката во Цветле, во покраината Долна Австрија, пак, добила белодробна еболија.

Јужнокорејските здравствени власти на 3-ти март објавија дека ги истражуваат смртните случаи на две лица, и двете со коморбидитети, кои починале во деновите откако биле вакцинирани против Covid-19 со вакцината на „AstraZeneca“. Штитеник на дом за стари и немоќни лица со цереброваскуларна болест, на 63-годишна возраст, развил симптоми, вклучително и висока температура четири дена откако ја примил вакцината. Мажот ден претходно бил пренесен во поголема болница, но починал по сиптомите за труење на крвта и воспаление на белите дробови. Вториот починат пациент бил во педесеттите години, срцев пациент со дијабетес, а починал бидејќи претпрел повеќекратен срцев удар ден откако ја примил вакцината, соопшти директорот на Корејската агенција за контрола и превенција на болестите (KDCA), Јеонг Еун-кјеонг.

Англо-шведската фарамцевтска лабораторија и произведувач на вакцината, како и британската влада, реагираа во четвртокот дека вакцината е „безбедна и ефикасна“.

Харис, во својство на портпаролка на СЗО, во петокот истакна уште еднаш дека експертите на оваа организација ги проучуваат информациите за создавањето на крвните згрутчување, како и дека засега не е потврдена причинскопоследична поврзаност.

„Секоја информација за небезбедноста на вакцините мора внимателно да се испита. При распределбата на вакцините секораш мораме да ги испитаме сите предупредувања за сигурноста и да ги провериме, но засега нема никакви знаци коишти би упатувале на тоа да не се употребуваат“, додаде Харис.