СЗО: Нема знаци дека Covid-19 е сезонска болест

Се чини дека годишните времиња не влијаат врз развојот на пандемијата на коронавирусот, наведе во вторникот Светскста здравствена организација (СЗО – WHO) и предупреди дека е погрешно да се верува дека во лето сме позаштитени.

„Се чини дека годинишните периоди не делуваат на пренесувањето на вирусот, кој усмрти повеќе од 650.000 луѓе во светот и зарази повеќе од 16 милиони“, изјави портпаролката на организацијата Маргарет Харис на кусиот виртуелен брифинг за новинарите.

Како пример наведе дека во една од најзафатените земјина светот, во САД, сега е лето, а втората најпогодена е Бразил, каде што сеега е зима.

„Изгледа дека долго се задржа уверувањето дека вирусот е сезонски, но мораме да запаметиме дека станува збор за нов вирус и иако станува збор за респираторен вирус, коишто историски се сезонски, овој се однесува поинаку“, тврди Харис.

Потсети на убедувањето дека опасноста од заразата е помала во текот на летото и повтори дека „летото претставува проблем, бидејќи овој вирус ги сака сите годишни времиња“.

Посочи дека спојот на вирусот на грипот, кој е сезонски и владее во текот на зимата, и новиот коронавирусот е загрижувачки и би можел да го зголеми притисокот врз здравствените системи во светот.

„На сите им препорачуваме да се вакцинираат против грипот“, советува Харис.