СЗО од декември најавува вакцини против коронавирус

41

Вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.

Таа исто така рече дека најраниот датум кога вакцината може да се најде на пазарот е „од почетокот на декември 2020 година, до почетокот на 2021 година“.

Светската здравствена организација претходно оцени дека е незамисливо коронавирусот да биде оставен слободно да се шири во општеството за жителите, како што некои посочуваат, да создадат колективен имунитет.

„Никогаш во историјата на јавното здравство колективниот имунитет не бил користен како стратегија против некоја епидемија, а уште помалку пандемија. Тоа е научно и етички проблематично“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.