СЗО: Од хуманитарните организации е побарано да го напуштат Алепо

сзо

Претставничката на СЗО во Сирија, Елизабет Хоф на прес-конференција истакна дека претпоставува оти оваа порака „пристигнала од Русите, кои ја надгледуваат таа област“.

Таа изјави дека нејзиниот тим од источниот дел на Алепо немал никаков контакт со сириските власти.

Хоф нагласи и дека според податоците на СЗО, до седум часот утрово 194 евакуирани лица пристигнале во осум преполни болници.