СЗО: Од мајмунски сипаници починале три лица

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека три лица во светот починале како последица на последиците предизвикани од мајмунски сипаници. Во соопштението на организацијата е наведено дека се ревидирани податоците за ширењето на мајмунските сипаници од 1 јануари до 4 јули во земјите каде што е прогласена епидемијата и во оние каде што не била.

Наведено е дека СЗО потврдила три смртни случаи и 6.027 случаи на инфекција врз основа на примероци испратени до центарот од 59 земји во пет области.

СЗО, со оглед на паниката поради ширењето на инфекцијата во одредени земји, најави дека ќе ги ревидира податоците еднаш на секои две недели.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на вчерашната прес-конференција рече дека се соочуваат со голем број потешкотии кога станува збор за тестирање на мајмунски сипаници, поради што значителен број случаи не се вклучени во извештаите. Гебрејесус рече дека се откриени нови случаи во области каде што немало претходно.