СЗО од Вухан: Малку е веројатно дека коронавирусот излегол од лабораторија

Ковид-19 веројатно не потекнал од пазарот во Вухан, бидејќи е утврдено дека вирусот циркулирал на други места во градот, но малку е веројатно дека се работи за истекување од лабораторија, откри зедничката мисија на Светската здравствена организација (СЗО) и кинеските научници.

Зборувајќи на конференција за новинарите во Вухан, заедничкиот тим на СЗО и кинескиот тим рекоа дека веруваат дека пазарот во Хунан не е местото од каде коронавирусот, кој предизвикува ковид-19 преминал на луѓето.

Шефот на тимот на СЗО Петер Бен Емберек рече во вторникот дека неговата истрага открила нови информации, но дека драматично не ја променила сликата на избивање.

Ембарек, експерт за СЗО за вируси, рече дека хипотезата за истекување на вирусот од лабораторијата малку е веројатна и нема да бара натамошни проучувања како дел на неговата работа на проучување на потеклото на вирусот, пишува „Гардијан“.
Професорот Лианг Венијан, водачот на кинескиот тим, ја почна конференцијата и во потполност ја отфрли тезата за пазарот на кој се продаваат и живи животни како место на потеклото.

„Можеме да се сложиме дека во декември најдовме докази за поширока циркулација на вирусот. Не беше  само кластерот во Вухан, туку циркулирал и надвор од пазарот“, рече тој и додаде дека тимот верува дека вирусот потекнува од животни, веројатно од лилјак или панголина, но посредните домќини кои му дозволиле да скокне на луѓето „Се уште не се индефикувани“, наведува „Јуроњуз“.

Исто така рекол дека не се откриени лилјаци во дивината на Кина, кои носат вируси, кои би можеле да мутираат во Ковид-19.
Вирусот можел да циркулира и во други региони пред да биде идентификуван во централниот кинески град Вухан кон крајот на 2019 година, објасни стручњак.

Но, немаше докази за големи епидемии пред декември 2019 година во Вухан или на некое дрго место, според изјавата на портпаролот на Светската здравствена организација.

Тимот на СЗО од десет личности се наоѓа на терен во Кина и се обидува да го утврдат потеклото на вирусот, кој уби над два милиони луѓе ширум светот.