СЗО оладува: Опасно е да се мисли дека пандемијата е при крајот

Сè уште има идеални услови за развој на нови видови на коронавирус и затоа е опасно да се мисли дека омикронот е последен или дека пандемијата е при крај, предупреди денеска генералниот директор на Светската зравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

На почетокот на состанокот на извршниот одбор на СЗО, Гебрејесус кажа дека гопдинава може да дојде до прекин на акутната фаза на пандемијата, но само доколку се постигнат некои клучни цели, наведувајќи дека тоа „мора да остане колективен приоритет“.

Гебрејесус изјави дека годинава е можен крајот на глобалната вонредна состојба поради коронавирусот, доколку се постигнат зацртаните цели, како што се вакцинација на 70 отсто од населението на секоја земја до средината на 2022 година, со фокус на ранливите групи и подобреното тестирање и следење на движењата на вирусот.

– Точно е дека и во блиска иднина ќе живееме со ковид-19 и ќе треба да научиме да управуваме со него преку одржлив и интегриран систем на акутни респираторни заболувања за да се подготвиме за идни пандемии. Но, учењето да живееме со ковид-19 не може да значи прифаќање на речиси 50.000 смртни случаи неделно од болести што може да се спречат и лекуваат – рече Гебрејесус.

Од тие причини тој апелираше за зајакнување на СЗО и за зголемување на финансирањето на оваа организација за поуспешна борба против здравствените кризи.