СЗО откри кои заедници се ранливи на коронавирусот

Автохтоните заедници се особено ранливи на пандемијата заради условите за живот, вели генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тој изјави дека заклучно со 6 јули се пријавени повеќе од 70. 000 случаи кај домородните народи на американскиот континент и повеќе од 2.000 мртви.

Автохтоните заедници  сочинуваат половина милион луѓе ширум светот.

„Не мора да чекаме за вакцината. Мораме да спасиме животи сега“, рече Тедрос на виртуелниот брифинг во седиштето на СЗО во Женева.

Ги повика луѓето да ги преземат сите неопходни здравствени мерки, со посебен акцент на барањето контакти, за да се обидат да го спречат ширењето на Ковид-19.

Во светот има над 14.6 милини заразени со коронавирусот.