СЗО: Пандемијата годинава може да биде потешка од 2020

Втората година од пандемијата на ковид-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира нов заразен вид, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Влегуваме во втората година од пандемијата, што може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири ковидот – рече претставникот на СЗО, Мајк Рајан.

СЗО, во најновиот извештај, наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на коронавирус.

– По празниците, во некои земји ситуацијата ќе биде многу полоша отколку што ќе се подобри – рече Марија ван Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.