СЗО: Пазарот во Вухан имаше улога при избувнувањето на епидемијата

Пазарот во кинескиот град Вухан одигра улога во избувнувањето на коронавирусот минатата година, како извор или евентуално како „засилувачко опкружување“, соопшти денеска Светската здравствена организација и повика да се направат повеќе истражувања.

„Пазарот одигра улога во настаните тоа е јасно, но каква улога – не знаеме, без разлика дали станува збор за извор или засилувачки ефект или беше само случајност што беа откриени некои случаи во и околу тој пазар“, изјави д-р Питер Бен Ембарек, експерт на СЗО за безбедност на храна и зоонотични вируси, кои преминуваат од животни на луѓе.

„Не е јасно дали живи животните или заразени добавувачи или клиенти го донесоа вирусот на пазарот“, изјави на прес-конференција во .Женева.

Потенцираше дека на истражувачите им била потребна една година за да ги препознаат камилите како извор на вирусот МЕРС, вид коронавирус кој се појави во Саудиска Арабија во 2012 година и се прошири на Блискиот исток.

„Она што е сега важно, што би било од голема помош, е да се дојде до вирусот пред неговото прилагодување на луѓето, вирус пред верзијата која сега ја имаме, бидејќи во тој случај ќе сфатиме како се адаптирал на луѓето и како се развивал“, потенцираше Ембарек.

„Кога станува збор за истрагите, Кина веројатно ја има сета стручност потребна за вакво истражување. Тие имаат многу квалитетни истражувачи“, потенцираше експертот од СЗО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.