СЗО посочува дека дури 87 отсто од вакцините отишле кај најбогатите земји

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика светските лидери во петокот да ги споделуваат поправилно дозите на вакцините, нагласувајќи дека ова е „време за партнерство, а не за покровителство“.

Повеќе од 700 милиони дози вакцини се администрирани на глобално ниво, но над 87% се наменети за земји со висок приход или висок среден приход, додека земјите со ниски примања добија само 0,2 проценти, соопшти СЗО.

Од 220 земји и економии, 194 досега започнаа со вакцинација, а 26 не. Од нив, седум добија вакцини и може да започнат, а уште пет земји треба да ги примат своите вакцини во наредните денови.

Во просек, во земјите со високи примања, речиси едно од четири лица примило вакцина, но во земјите со ниски примања, тоа е едно од повеќе од 500, нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус.

„Ковакс очекуваше да дистрибуира 100 милиони дози до крајот на март, но поради значително намалување на понудата, успеавме да дистрибуираме само 38 милиони дози. „Се надеваме дека ќе успееме да стигнеме во текот на април и мај“, рече тој.