11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

СЗО: Постои ризик сиромашните и ранливите да бидат згазени во стампедо за вакцината

Постои ризик дека сиромашните и ранливите ќе бидат згазени во стампедо околу вакцината против коронавирусот, изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додал дека и итно потребно да се обезбедат 4,3 милијарди долари за шемата за делење вакцини во светот.

Тедрос говорел на виртуелен брифинг во Женева, пренесе „Ројтерс“.

Десетици земји се пријавија за глобалниот план на вакцинација познат како КОВАКС, кој го оформи СЗО и групата за вакцини ГАВИ за да се обезбедат вакцини за земјите кои не би можеле да си ги приуштат на друг начин.

До сега се собрани пет милијарди долари, вклучувајќи и повече од 600 милиони долари од Германија.