СЗО предупреди: Нема докази дека коронaвирусот ја загубил силата

Нема докази дека новиот коронавирусот ја променил формата на трансмисија или оти се променила тежината на болеста која ја предизвикува, порачаа во понеделникот експертите од Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

„Во поглед на трансмисијата нема променив, во поглед на силата нема промени. Најважното е да се спроведат мерките за намалување и сузбивање на трансмисијата“, изјави на прес-конференција епидемиологот на СЗО, Мадија Ван Керков.

Нејзината изјава следеше откако претходно водечки италијански лекари оценија дека коронаворусот веројатно се променил.

„Пред еден месец можевме да ги слушнеме епидемиолозите како стравуваат од нов бран кон крајот на мај и почетокот на јуни и од којзнае колку зафатени места на одделите за интензивна нега. Во стварнот вирусот клинички гледано повеќе не постои. Примериците земени во текот на последните десет дена покажуваат апсолутно мало количество на вирусот во однос на оние земени пред месец или два“,изјави Алберто Ѕангрило, директор на болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, во неделата вечерта во емисија на телевизијата RAI.

„Новиот коронавирус сега би можел да биде поинаков, моќта којашто овој вирус ја имаше пред ва месеца не е иста како и денес. Очигледно е дека денес болеста Covid-19 е поинаква, клиничката слика и текот на болеста многу се поблаги“, оцени за италијанската новинска агенција ANSA, Матео Басети, директор на Клиниката за заразни болести во Џенова.