СЗО предупредува дека сме пред вратата на третиот бран на Ковид-19, а и каде погреши Европа

Давид Набиро, специјалниот советник за ковид-19 во Светската здравствена организација, предупреди на третиот бран на пандемијата во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите не сторат сé што е потребно, како пред вториот бран.

“Направени се неуспеси во ажурирањето на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е пред нашата врата”, предупреди Набаро, пренесува Ројтерс.

Тој особено предупреди дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната треба да бидат прекинати.

“Кога стапката на инфекција ќе се намали, и тоа ќе се случи, ќе можеме слободно да правиме што сакаме. Но, сега? Дали ни требаат отворени скијачки центри во такви услови”, се прашуваше Набаро.

Тој ги пофали азиските земји каде стапката на инфекција е екстремно ниска, бидејќи, како што истакна, рестриктивните мерки не беа олеснети предвреме.