СЗО препорача земјава да ги засили тестирањата и да внимава со олабавувањето на мерките

Не е време за спуштање на гардот за заштита од пандемијата со Ковид-19 и треба засилено да се работи на тестирање и идентификување на заболените, нивните контакти и нивно ставање во изолација, е препораката на претставникот на СЗО по тридневниот престој во земјава.

„Зголемувањето на бројот на заразени во Северна Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека се до моментот на пронаоѓање на делотоврона ваквина не смееме да се опуштиме односно да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе се превземат овие денови, но и во неделите и месеците што претстојат ќе бидат критично важни за да се спречат случаите на новозаразаени и да се спасат човечли животи“, рече Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО за Европа.

Според Скано зголемениот број на случаи со Ковид-19 е нешто што може да се изменаџира, пред се со почитување на мерките за заштита, но и воведување на таргетирани мерки на контрола, меѓу кои го посочи подоброто менаџирање на масовните собирања.

По средби со сите инволвирање во справувањето со епидемијата Скано препорачаа внимателно да се постапува при олабавувањето на мерките за заштита.

„Сега не е време за олабавување на мерките, односно спуштање на гардот. Сосема спротивно, треба да се прошири она што досега беше добро сработено во делот на идентификување и изолирање на сомнителни случаи, нивно тестирање, изолирање на болните, неуморно трагање по контактите и нивно ставање во карантин. Ако тоа не го направиме тоа резултатот може да биде една експлозивна ситуација која ќе бара воведување на драматични мерки и која многу пожестоко ќе и наштети на економијата“, порача Скано.

Меѓу олабавените мерки е и отворањето на границите без контрола за коронавирус, з за која Скано рече дека е тешка одлука донесена од повеќе земји и оти не може на неа да се гледа црно-бел. Според него таа треба да се балансира преку рана идентификација на новите случи за да се спречи експлозивно ширење на заразата.

Министерот за дравство пак според кого земјава се соочува со втор посилен бран од првиот, рече дека здравствениот системот е целосно проилагоден кон новата состојба.

„Во моментов нашата земја е соочена со бран на вирусот посилен од првиот како последица на олеснување на рестрикциите, но повеќе како последици на една серија настани, семејни собири, прослави на коишто практично не се почитуваа препорачаните мерки за носење маска, дистанца“, рече министер за здравство, Венко Филипче.

Инаку одговорот на Македонија на пандемијата на Ковид-19 СЗО, како што информираше Скано, го оценила како силен и навремен, со импресионираност од напорот кој во тоа го вложиле здравствените работници.