СЗО препорачува кортикостероиди за пациенти со потешка форма на Covid-19

Светстката здравствена организација (СЗО – WHO) препорачува „систематско користтење на кортикостероиди кај пациенти со потешка или критична форма на Covid-19“, по истражувањата кои покажуваат дека овие лекови ја намалуваат смртноста кај овие пациенти, покажуваат насоките објавени во медицинското списание BMJ.

Во овој документ се однесува на низата студии објавени во повеќе медицински списанија кои ја потврдуваат делотворноста наовие лекови.

„Препорачуваме систаматска употреба на кортикостероиди (…) за лекување на пациенти со тешка или критична форма на Covid-19. Препорачуваме корикостероидите да не се применуваат во лекувањето на пациентите кои не се тешко заболени“, наведува стручниот панел кој има мандат на СЗО истакнувајќи дека тоа не се однесува на пациентите кои ги земале овие лекови од други причини, а не поради коронавирусната инфекција.

Истражувањето објавено во американското медицинско списание Jami доаѓа до заклучокот дека смрноста на пациентите со тешка форма на Covid-19 е просечно помала за 21 отсто по 28 денови земање на лекот. Кортикостероидите се единствениот лек кој покажал значителен ефект во намалувањето на смртноста кај заразените со коронавирусот.

Првиот позитивен резултат го објавија на 16-ти јуни истражувачите кои учествувале во големото британско клиничко испитување „Recovery“ во врска со еден од овие лекови. Станива збор за дексаметазонот, а исцпрните резултати беа објавени на 17-ти јули во списанието New England Journal of Medicine.

Овој заклучот во средата го поктрепија седум студии со кои биле опфатени 1.703 пациенти, а кои ги кооринирала СЗО а ги објави списанието Jama. Овие резултати не се однесуваат само на дексаметазонот, туку и на други лекови од крупата кортикостероиди, како што се хидрокортизон и метилпреднизон.

„Кортикостероидите не се скапи, едоставни се за земање и достапни насекаде во светот“, додаваат експерите кои ги ангажирала СЗО.

Овој вид лекови не делуваат директно на коронавирусот, туку во воспалението кое тоа го предизвикува кај тешко заболените пациенти. Кортикостероидите често се применуваат кај астмата, воспалителните болести, на пример, реуматодиниот артритис, кај автоимуните болести или како супресив бидејќи ја намалува реакцијата на имоно-системот.

„И покрај позитивните резултати, постојат и несигурности. Меѓу нив е и долготрајниот ефект од нивното систематско користење или, пак, влијание врз имуносниот систем на пациентите кои може да бидат изложени на ризикот од заболување од други инфекции“, истакнуваат стручњаците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.