СЗО прогласи пандемија од коронавирусот

EPA-EFE/KIM CHUL-SOO

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) смета дека сегашната појава во светот на заболувањата предизвикани од новиот сој коронавирус претставува пандемија, соопшти во средата попладнето на брифингот во Женева, челникот на светската организација Тедрос Аданом Гебрејесус.

Ширењето на новиот коронавирус во светот го доби карактерот на пандемија, објави Гебрејесус.

„Во наредните денови и седмици очекуваме зголемување на бројот на заболените, на смртните случаи и бројот на засегнатите земји… Заклучивме дека болеста Covid-19 може да се оцени како пандемија“, изјави генералниот секретар на СЗО.

„СЗО го проценува 24 часа на ден нивото на епидемијата и сега сме загрижени, како од алармантното ново на ширењето, ткаи и од интензитетот ио аларматните нивоа на недејствување“, рече првиот човек на здравствената организација.

Во изминатите две седмици, бројот на случаите на Covid-19 надвор од жариштата во Кина се зголемил за 13 пати, а бројот на засегнатите земји триптаи се зголемил, посочи Тедрос.П

андемија се прогласува кога е активна невообичаено силна епидемија која се карактеризира со ширење на заразна болест ширум целата територија на една земја, на териториите на соседните земји, а понекогаш и во многу земји во светот.

Заклучно со средата 11-ти март, бројот на новите инфекции со коронавирусот во светот изнасува 119.000 луѓе, во 114 земји и територии во светот.

И покрај прогласувањето на пандемија, што подразбира глобално шритење на болестите кои тешко се контролираат, Тедрос истакна дека сѐ уште е можно бројот на новите зарази да биде намален со решително спроведување на соодветните здравствени мерки.

„Сите земји сѐ уште може да го променат текот на пандемијата“, рече Тедрос.