СЗО: Ризикот на смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

24

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тежок облик на болеста и поголема смртност од коронавирусот кај хоспитализирани пациенти, иако не е прецизирано колку се повисоки тие ризици.

Врз основа на 34 објавени извештаи за поврзаноста на пушењето и Ковид-19, вклучително и веројатност за инфекција, хоспитализација, тежина на болеста и смрт, се нагласува дека пушачите се до 18 проценти од хоспитализираните пациенти со коронавирус.

Во април, француските истражувачи објавија мала студија во која се вели дека пушачите имаат помал ризик од инфекција со Ковид-19 и планирале да тестираат никотинска лепенка на пациенти и здравствени работници, но многу научници потоа ги довеле во прашање нивните тврдења, велејќи дека нема доволно валидни докази за тоа.

СЗО соопшти дека „достапните докази укажуваат на тоа дека пушењето е поврзано со сериозноста на болеста и поголема смртност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19“ и препорача пушачите да се откажат од пушењето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.