СЗО: Сѐ уште не постои доказ дека коронавирусот може да се шири преку површини

Сѐ уште не е докажано дали луѓето може да се заразат со новиот тип коронавирус допирајќи површини на коишто вирусот се задржува, како што се рачки, кваки или тастатури, предупредува Светската здравствена организација (СОЗ – WHO) во сабота.

Сепак, се препорачува да се дезинфицираат предметите, според упатствата кои ги издаде споменатата агенција на ОН.

Упатствата се дадени врз основа на студијата која покажала дека вирусот може да преживее од надворешната страна на медицинската маска за лице и до седум дена.

Но од СЗО, исто така, велат дека на студиите за можното преживување на вирусот треба да се гледа и со доза на скепса, имајќи предвид дека таквите истражувања се изведуваат во лаборатории во кои се мали сличностите со стварните животни услови.

Во споменатата студија, вирусот преживеал четири дена на нерѓосувачки челик, на стакло два дена, а на ткаенина и дрво еден ден. Друга студија, пак, покажа дека вирусот преживува на бакар четири часа, 24 часа на картон и 72 часа на пластика и нерѓосувачки челик.

Иако до денес не се потврдени случаи дека луѓе се заразиле со вирусот преку површини, можноста за такви трансмисии не треба да бидат отфрлени, имајќи го предвид однесувањето на другите познати коронавируси. Затоа е важно да се дезинфицираат површините на предметите како што се електронски уреди, гелендери и сл, велат од СЗО:

Меѓутоа, СЗО притоа препорачува да не се прскаат големи количиства од дезинфициенсите, без разлика дали станува збор за внатрешност на објекти или на отворено, како што се практикува во многу азиски заедници.

Се додава и дека улиците и скалилата не се расадници на вирусот, како и дека не е познато дека задржувањето на дезинфекциското средство на нерамни површини е доволно долго за да биде од некаква полза.

СЗО, исто така, предупредува со дезинфициентите да не се прскаат луѓето, бидејќи тоа нема да спречи вирусот од заразено лице да се пренесе на друго лице.

„Исто така, прскањето луѓе со хлорин и други тоскични хемикалии може да резултира со иритација на очите и кожата, со бронхоспазма поради впишување и гастроинтестинални тегоби како што се мачнина или повраќање“, се додава во објавата на СЗО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.