СЗО: Сè уште не е кулминација на вирусот, но бројот на новозаразени опаѓа

Светската здравствена организација денеска соопшти дека е прерано да се каже дека епидемијата на новиот коронавирус достигнала кулминација, но информираше дека денеска е првиот ден кога е намален бројот на нови случаи.

Официјалниот претставник на СЗО, Мајк Рајан изјави дека во провинцијата Хубеј, кадешто прво се појави вирусот, бројот на случаи постојано се зголемува, но дека нема зголемување во другите провинции.

Според најновите податоци, 563 лица починале од коронавирусот, додека повеќе од 28.000 се заразени.