СЗО: Светот е во многу опасен период од пандемијата

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, денес изјави дека светот е во многу опасен период од пандемијата ковид-19, напоменувајќи дека позаразна варијанта на делта сојот е идентификувана во речиси 100 земји.

На прес-конференција, Тедрос рече дека варијантата делта, која за прв пат се најде во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува доминантен вирус ковид-19 во многу земји, објави АП.

– Веќе ги повикав лидерите ширум светот да обезбедат до следната година ова време 70 отсто од светската популација да биде вакцинирана –  рече Тедрос, додавајќи дека ова ефективно ќе стави крај на акутната фаза на пандемијата.

Тедрос посочи дека веќе се распределени три милијарди дози од вакцината и дека е во колективна моќ на неколку земји да ја зајакнат и обезбедат дистрибуција на вакцините.

СЗО инаку проценува дека за имунизација на светот се потребни 11 милијарди дози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.