СЗО: Тестирање на сите Унгарци за коронавирусот не е логично

Светската здравствена организација соопшти дека тестирањето на целото население на Унгарија за коронавирусот би било нелогично.

– Тестирање на коронавирус би требало да се изврши само на лица кои покажуваат симптоми на болеста или кои биле во контакт со заразени, изјави директорката на националната канцеларија на СЗО, Ледиа Лазери.

Таа истакна дека надлежните институции во Унгарија кои се задолжени за борба против н овиот коронавирус си ја вршат својата работа и оти СЗО постојано ја следи нивната работа.

Бројот на заразени лица во Европа се очекува да се зголеми, но поради преземените мерки тоа ќе биде ублажено, рече Лазери.