СЗО тврди дека епидемијата во Европа се намалува

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека пандемијата е на својот врв, но дека бројот на новозаразени и смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 се намалува во повеќето региони, вклучувајќи ги и најтешко погодените во Европа и северна и јужна Америка.

„Но, ова е неприфатлив врв на пандемијата со 5,4 милиони новоинфицирани и речиси 90.000 смртни случаи меѓу пациенти со Ковид само во последната недела“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.