СЗО: Во изминатите 24 часа рекорден скок на бројот на заразените со коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) извести во неделата за најголемиот дневен скок на бројот на новозаразените со новиот коронавирус во светот, за 307.930 во последните 24 часа, со што вкупниот број новозараен од почетокот на пандемијата достигна 28.637.952 заразени.

Претходниот рекорден број новозаразени во еден ден беше на 6-ти септември, кога СЗО извести за 306.857 новозаразени со коронавирусот. Рекордниот број починати од Covid-19 во еден дена, пак, беше забележан на 17-ти април, кога починале 12.430 луѓе.

Најголемо зголемување на бројот на коронаинфекциите се забележани редоследно во Индија, САД и Бразил, според веб-страницата на СЗО. Истовремено се известува дека изминатото деноноќие пријавени се нови 5.537 смртни случаи, и сега во светот вкупно има 917.417 починати од Covid-19.

Индија во неделата известила за 94.372 новозаразени со вирусот SARS-CoV-2, додека САД забележале 45.523 нови случаи, а Бразил уште 43.718 заразени. И Индија и САД во последните 24 часа имале повеќе од илјада смртни случаи, a Бразил 874 починати.

Статистиката на СЗО ги зема предвид само официјално потврдените информации за случаите на коронаинфекции и смртни исходи за кои известуваат владите на државите.

Регионот на Северна и Јужна Америка е на првото место според бројот на заразените со 14.699.174 случаи од почетокот на пандемијата. Во последното деноноќие во регионото овој податок се зголеми за 132.464 случаи. Бројот на починатите се зголемил во последните 24 часа за 3.308, и достигна 508.705 смртни исходи.

Во регионот на Југоисточна Азија регистриранни се вкупно 5.377.062 заразени, а починале 92.391 луѓе по почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа показателите се зголемиле за 101.119 заразени и 1.270 починати.

Третото место според бројот на заразените го зазема Европскиот регион. Бројот вкупно заразени достигна 4.796.426 лица, а забележани се 225.494 летални исходи. Во перидот од петокот до саботата, за кога се пријавени последните извешта, бројот на заразениет се зголемил за 48.921 лице, а на смртните случа за 367.

Според бројот на заразените од почетокот на пандемијата најмногу заразени има во САД – 6.386.832 случаи. Потоа следат Индија (4.754.356), Бразил (4.282.164), Русија (1.062.811), Перу (716.670), Колумбија (702.088), Мексико (658.299) ), Јужна Африка (648.214), Шпанија (566.326) и Аргентина (535.705).

Анализата на агенцијата Reuters, пак, покажува дека во 58 држави во светот и натаму расте бројот на новозаразените со коронавирусот, а меѓу нив се Аргентина, Индонезија, Мароко, Шпанија и Украина. Во САД, меѓутоа, бројот на заразите на дневно ниво е во пад, па сега бројот на новозаразените во еден ден е за околу 44 отсто помал отколку на 16-ти април, која имаше рекордни над 77.000 случаи на заразата.