СЗО за „Астра Зенека“: Врската со згрутчување на крвта е веројатна, но не е потврдена

23

Советодавната комисија за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација соопшти денеска дека причинската врска меѓу вакцината на „Астра Зенека“ против ковид-19 и ретките случаи на згрутчување на крвта со ниско ниво на тромбоцити, „се смета за веројатна, но не е потврдена“.

Во изјавата издадена по прегледот на најновите глобални податоци, независни експерти велат дека се потребни посебни студии за целосно разбирање на потенцијалната врска меѓу вакцинацијата и можните фактори на ризик.

„Важно е да се напомене дека, иако загрижувачки, ваквите случаи се многу ретки, а мал број се пријавени меѓу речиси 200 милиони лица кои ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ против ковид-19 низ светот, соошти панелот.

Најавено е дека Комисијата ќе се состане повторно следната недела со цел да се разговара за дополнителни информации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.