СЗО засега е против ковид пасоши, тврди претставничката на Русија

Светската здравствена организација (СЗО) во моментот е против воведувањето на специјални сертификати или ковид пасоши за луѓето кои примиле вакцина против коронавирусот, изјави денеска претставникот на СЗО за Русија, Мелита Вујнович.

– СЗО е јасна за ова прашање и во овој момент не препорачува ваков вид пасоши – изјави Вујинович за телевизискиот канал „Русија 24“, пренесе Тасс.

Истовремено, Вуjнович не ја исклучува можноста СЗО во одреден момент да даде предлози за содржината на пасошот.

– Се разбира, земјите го следат нивниот курс, секоја држава се обидува да им овозможи на своите граѓани да се движат што е можно повеќе. СЗО ќе соработува со сите земји по ова прашање – додаде таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во понеделникот изјави дека комисијата во март планира да го претстави својот проект за единствен сертификат за вакцинација.