Т-клетките по обична настинка можат да пружат зашита од Covid-19

Високото ниво на Т-клетките, кои се развиваат по изложеноста на организмот на зараза со коронавирусот, кои ги предизвикува обичната настинка, можат да пружат заштите од коронавирусната болест Covid-19, покажува студијата спроведена од стручњаците на лондонскиот Империјал Колеџ објавена во стручното списание Nature Communications, што може да отвори нови правци за вакцините од втората генерација.

Имунитетот против Covid-19 е сложен и се верува дека, иако постојат докази за намалување на нивото на антителата шест месеци по вакцинирањето, Т-клетките, исто така, играат витална улога во давањето заштита од вирусот.

Студијата, којашто започнала во септември 2020 година, проучувани нивоата на Т-клетките коишто се резултат на претходна обична настинка која 52 контакти во домаќинство со позитивни случаи на Covid-19 набрзо по изложеноста на испитаникот на коронавирусот, за да се види дали развиле инфекциија. Утврдено е дека 26 лица, коишто развиле зараза, имале значително повисоко ниво на овие Т-клетки во однос на мучењето кои се заразиле. Авторите, сепак, не наведуваат колку ќе трае таа заштита која ја пружаат Т-клетките.

„Откривме дека високите новоа на веќе постоечките Т-клетки, коишто организмот ги создава кога е заразени со други човечки коронавируси, како што е настинката, може да заштитат од инфекција од Covid-19“, вели авторката на студијаа др Риа Кунду.

Авторите на студијата наведуваат дека внатрешните проеини на вирусот SARS-CoV-2, кои се цел на Т-клетките, би можеле да понудат алтернативен пат за произведувачките на вакцините. Сегашните вакцини против коронавирусот кој ја предизвикува болеста  Covid-19 целат на ткн „шилестиот“ S-протеинот, кој редовно мутира, создавувајќи ги варијантите кои ја намалуваат ефиканоста на вакцинира против симптоматската инфекција.

„Наспроти тоа, внатрешните протеини на кој целат заштитните Т-клетки кои ги идентификувавме многу помалку мутираат. Последично, тие многу помалку се менуваат од една до друга варијанта на вирусот SARS-CoV-2, вклучително и омикрон. Оттаму, новите вакцини кои се насочени на овие внатрешни протеини би развиле сеопфатни одговори на заштитните Т-клетки кои би требало да штитат од сегашните и идните варијанти на SARS-CoV-2“, вели професорот Аџит Лалвани, коавтор на студијата.