Тајгер Вудс на суд поради расипано „селфи“

Легендарниот американски голфер Тајгер Вудси неовиот носач на палките Џо Лакава се даден на суд во Пинелас на Флорида порад селфи.

Ги тужи гледач кој твди дека „кадито“ на Вудс, го турнал кога сакал да се фотографира со голферот на турнир во 2018 година по што тој паднал во толпата гледачи.

Брајан Боруси во тужбата бара 30.000 долари отштета, бидејќи при падот се повредил и завршил во болница. Меѓутоа, медиумите забележуваат дека тежината на повредите не е наведена во тужбата.

Вудс е обвинет поради тоа што е работодавец на Лакава и со тоа е одговорте за постапките на својот „кади“ во текот на траењето на турнирот.

Еден од најдобрите голфери на сите времиња го ангажирал Лакава во 2011 година, откако претходно бил долгогодишен носач на опремата на Ферд Куплес.

 

Адвокатот на Брајан Борус, Џошуа Дресчел ги повика сведоците на инцидентот да му се јават, обвинувајќи го организаторот PGA Tour не сака да му ги даде видезаписот од инцидентот.