Тајландската полиција се сомнева дека руската манекенка која падна од балкон, е убиена

Ужасната вест за смртта на руската манекенка Евгенија Смирнова (37) која загина за време на оргии, не престанува да го тресе светот. Има сомнежи дека станува збор за убиство, а полицијата веќе уапси три лица, пишува Курис.рс

Тајландската полиција се сомнева дека можеби таа била турната и паднала од 25 метри височина од балконот на осмиот кат во одморалиштето Патонг на островот Пукет.
Доказите укажуваат на такво црно сценарио затоа што истражителите нашле куп коса во нејзината рака. Атрактивната бринета при падот ја скршила ногата и се здобила со фатални повреди на главата, пишува Daily Mail. Локалните власти вршат форензичка анализа на примерок од коса за да утврдат кого Смирнова можеби грабнала додека паѓала.

Сѐ додека не престане истрагата, новинарите од целиот свет се обидуваат да дознаат што повеќе нови детали за овој неверојатен случај, а сега се појави веста дека веќе се уапсени три лица.
Тројца странци се уапсени и обвинети за поседување наркотици со намера да ги користат откако полицијата пронашла сцена на сексуална забава како одговор на смртта на Русинка. Одбиле да соработуваат со полицијата, што довело до апсење!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.