Тајландски специјалец почина од последици од ланското спасување на децата од пештерата

Тајландскиот морнарички специјалец кој минатата година учествуваше во драматичната операција на спасување на 12 момченца и нивниот фудбалски тренер од поплавена пештера на северот на Тајланд, почина од инфекцијата на крвта која ја задобил во текот на споменатата акција, објави во петокот морнарицата,

Беирет Биреерак бил на лекувањето, но состојбата му се влошила, се наведува во соопштението на тајландската морнарица. Уште еден спасувач, поранешниот морнарички нуркаќ Саман Куман, за задуши во текот на операцијата на спасување.

Младиот фудбалски тренер Екапо Чантавонг и 12-те момченца на возраст од 11 до 16 години се упатија во истражување на пештерата Там Луанд во покраината Чианг Раи на 23-ти јуни 2018 година. Бидејќи станува збор за сезоната на дождовите, силните врнежи ја поплавија спилата, а тие останаа заробени внатре.

Се повлекле четири километри длабоко во пештерата и успеаја да преживеат девет дена пред да бидат откриени благодарејќи на водата која капела од карпите.

Во спасувањето учествуваа вкупно 10.000 луѓе, меѓу кои повеќе од 100 нуркачи и доброволци од странство, 900 полицајци и 2.000 војници . Од пештерата беа испумпани повеќе од милијарда литри вода. Децата беа спасени на 10-ти јули, по цели 18 дена.