Тајм Сквер под барикади очекува тивка прослава на Новата година

На њујоршки Тајм Сквер во четвортокот беа поставени барикади, а смо на неколкумина функционери и поканети, меѓу кои се здравствени работници и други службеници од првите линии на справувањето со епидемијата на коронавирусот, им е дозволено лично да го проследат традиционално спуштање на новогодипшната топка од облакодерот Тајмс Тауер.

Мерките кои ги наложија њујоршките градски власти бараат од жителите на американскиот мегалополис да останат во своите домови и спуштањето на типката и одбројувањето на последните десет секунди пред полноќ на 31-ви декември по локално време да го следат онлајн или на телевизиските мрежи, порача градоначланикот на Њујорк, Бил де Блазио.

Цела низа слично прослави и настани ширум САД на сличен начин се организирани годинава поради пандемијата и се преселени на интернет.

Во вообичаените околности дестици илјади луѓе го исполнуваат Тајмс Сквер, со часови понекогаш и на голем студ чекајќи кристалната топка да почен полека да се спушти, по што заедно ги одбројуваат последните десет секунди до полноќ а откако топката ќе се симне до дното и откако ќе одекнеше „Среќна Нова година!“, и традиционалната песна „Auld Lang Syne“.

Само малкумина ќе имаат годинава пристап на Тајм Сквер, а сите ќе мора да носат заштитни маски и претходно ќе им биде мерена температурата.

Меѓу нив ќе биде и пејачката Џенифер Лопез, родена во Бронкс, и Глорија Гејнор, која својот диско-класик „ I Will Survive“ ќе го изведе пред веројатно никогаш помал аудиториум, главно медиуцински работници и членови на нивните семејства.

Покрај нив, организаторите годинава на Тајм Сквер ги поканија и вработените во блиските продавници на прехранбени продукти, поритирте во солитерите и доставувачите на пици.

Една од присутните медицински сестри ќе биде Сандра Линдси од Њујорк, која првата во САД ја прими вакцината против коронавирусот.

„Ова веројатно ќе биде најспосебниот и најтрогателниот дочек на Новата година. Во 2021-та ќе им покажаме како изгледа закрепнувањето и враќањето на старото“, изјави за новинарите де Блазио, кој ќе го притисне копчето за почетокот на спуштањето на кристалната топка.

Во пандемијата на коронавирусот годнава починаа над 25.000 жители на Њујорк, градот кој беше првото жариште на епидемијата во САД, а во целата земја речиси 345.000 луѓе. Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) во четвртокот пријави рекордни нови 3.764 смрти случаи во земјата. Бтојот на новозаразените се зголеми за 230.337 на вкупно 19.663.976.