Тајната на ерогените зони: Одговор на дилемата која ја има секој маж кој сака да ја задоволи партнерката

Мажите генерално мислат дека женското тело е комплицирано и вечно се обидуваат да го разберат тоа, за да им пружат задоволство на своите партнерки.

Тимот на лекари објасни дека не постои универзален рецепт и дека секоја жена е индивидуален случај.

-Зборот „ероген“ значи особено чувствителна на сексуална стимулација, па ерогена зона е секој дел од телото кој реагира на допир на тој начин што се чувствува возбуда, бјаснува докторката по гинекологија Шери А.Рос.

Таа додава дека ерогената зона не мора да биде специфичен дел од телото, туку целото тело.

-Треба да се оттргнеме од идејата дека гениталиите или само одредени делови од телото се области низ кои чувствуваме задоволство. Такво искуство можат да пружат различни делови од телото, додава д-р Рос.

Д-р Џил МекДевит се согласува со д-р Рос дека целото тело може да биде чувствително на допир. Таа додава дека тоа апсолутно не значи дека секоја жена чувствува возбуда при допирање на дел од телото.

-Деловите од телото кои можат да се стимулираат и да доведат до возбуда многу се разликуваат од жена до жена бидејќи секоја жена има различни искуства, вели МекДевит и напоменува дека затоа е важно добро да го запознаете сопственото тело, а не да слушате искуствата на другите и веруваат дека задоволството да се биде ист.

Таа додава:

-Со текот на времето може да се менуваат и ерогените зони, како што старееме, а лесно може да се случи задоволството при допирање на дел од телото да се намали со текот на времето. Тоа навистина се разликува од личност до личност.

Заклучокот е дека не постои точен број на ерогени зони на женското тело.

Докторката додава дека се уште има некои универзални ерогени места, како што се гениталиите и градите:

-Секој дел од телото треба да се истражува на различен начин. Разберете дека одредени делови од телото понекогаш полесно, а понекогаш потешко се стимулираат и дека тоа зависи од бројни фактори, од расположението на личноста до температурата во просторијата, заклучи докторката, додавајќи дека истите правила важат и за мажите.