Тајната служба го следи движењето против рестрикциите во Германија

Германското Сојузно биро за заштита на уставниот поредок (BfV), поради наводно екстремно десната ориентација, ставил некои делови од движењето против рестриктивни мерки воведувани во епидемијата на коронавирусот на лиsтата организации кои се наоѓаат под набљудување, соопшти во средата министерството за внатрешни работи.

Како што е наведено во соопштението за јавноста, делови од ткн „Querdenker scene“ (квиарденкер или во слободен превод „оние кои размислуваат надвор од зададените рамки“), доаѓаат од радикалните десни движења, како што е „Граѓаните на Рајхот“, кои не ја признаваат Германија во сегшната форма со нејзините институции, а меѓу другото одбиваат да плаќаат даноци.

„Легитимните протести против владините мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот секогаш се одново, а особено во последно време, инструментализирани од силите кои насочено тежнеат на ексалација“, се наведува во образложението на BfV, односно германското внатрешно разузнавање.

„Квиарденкер сцената прифаќа или дури и бара контакти со Граѓаните на Рајхот или екстремно десните движења кои пропагираат игнорирање на мерките кои ги носат властите, а со тоа го негираат и државниот поредок“, се објаснува ставањето на ова движење на списокот организации кои се наоѓаат под присмотра на тајните служби.

Тоа конкретно значи дека Бирот за заштита на уставниот поредок има право да ги следи и да собира податоци за лицата коишто се активни на сцената.

„Ние од почетокот следиме што се случува на оваа сцена и кој таму учествува. Подготвеноста на насилство и создавање проблеми пораснала“, изјави претходно седмицава министерот за внатрешни работи Хорист Зехофер.

Како што тврдат од BfV, неколку месеци ја разгледувале можноста за вбројување на двожењето Querdenker, на коешто покрај екстремно десните движење се приклучуваат и лица со езотерични ставови но и, како што се нагласува, „обичните граѓани“, на листата на организации или движења кои претставуваат закана за уставниот поредок на СР Германија.

Доколку во следниот период преку следењето и собирањето податоци биде потврдено екстреистичко дејствување, целото движење може да биде вброено во категоријата екстремистички движења, што подразбира повисоко ниво на набљудување и следење. Досега движењето беше ставено под набљудување само во сојузната покраина Баден-Витренберг, каде што и е основано.

Германското Биро за заштита на уставниот поредок во меѓувреме проценува дека „ Querdenker“ сцената ќе опстане и по минувањето на пандмијата и владините мерки.

„Организаторите на протестите јасно покажуваат дека нивната агедна го надминива простото мобилизирање на граѓаните за протесто против владините мерки во борбата против пандемијата“, се невува уште во образложението на BfV.