Тајсон ќе пристигне во Белград, имал посебни барања

Легендарниот Мајк Тајсон прифатил да биде гостин во Белград, како дел од обидот на организаторите на што подобар начин да го промовираат Светското првенство во бокс.

Србија е домаќин на овој настан од 24. октомври до 4. ноември, а контроверзниот Тајсон ќе пристигне кај нашиот северен сосед како специјален гостин и тоа на завршните денови на турнирот.

Според медиумите, Тајсон очекувано имал посебни барања од организаторот, а тоа меѓу другото вклучува и цел спрат од хотелот каде ќе биде сместен.

„Железниот Мајк“ побарал менито да биде базирано на јадења направени од месо од бизон, како и голем избор на цедени овошни сокови.

Медиумите велат дека во Белград ќе биде присутен и Рој Џонс, а организаторите се обидувале да го убедат на ваков потег и актерот Силвестер Сталоне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.