Тајсон станува заштитно лице на канабис-индустријата во Малави

Африканската држава Малави, каде што одгледувањето и трговијата со канабисот во медицински цели е легално, официјално побара од боксерската легенда Мајк Тајсон да стане заштитно лице на оваа локална индустрија, тврдат изворите на AFP.

Министерството за земјоделство наведува дека „на Малави во сложената индустрија на канабисот му е потребен партнер“, па поранешната боксерска ѕвезда би била идеална за оваа работа.

Имено, Мајк Тајсон последните години имаше голем успех во легалните бизниси со канабисот, а кон крајот на октомври американското деловно списание Forbes објави дека Тајсон ќе формира нова компанија за продажба на производи врз основа на канабис во САД.

На почетокот од 2020 година Малави се продружи на листата африкански земји кои дозволуваат користење на канабисто во медицински цели, особено за компанзација на намалувањето на производството на тутунот. Дозволено е и производството и продажбата на индустрискиот канабис за производство на текстил, јажиња и вреќи.

Понекогаш се нарекува „малависко злато“, бидејќи канабисот со години носел големи приходи и кога илегално се одгледувал.