Тајван детектираше над 50 кинески воени авиони во својата „одбранбена зона“ во последните 24 часа

Вооружените сили на Тајван користеа бродови и воени авиони за да го надгледуваат движењето на кинеските авиони, а, распоредија и системи за противвоздушна одбрана

Најмалку 57 воени авиони и четири бродови на Кинеската Народноослободителна армија се откриени во близина на Тајван во изминатите 24 часа, соопшти во понеделникот тајванското Министерство за одбрана.

Според соопштението на Министерството, 28 авиони ја преминале таканаречената средна линија на Тајванскиот теснец и влегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на островот. Тие вклучуваат три извидувачки беспилотни летала БЗК-005, шест ловци Ј-11, два стратешки бомбардери Х-6, два ловци Су-30, два ловци Ј-10, авион за рано предупредување и контрола на воздухот KJ-500 и дванаесет ловци Ј-16 .

Вооружените сили на Тајван користеа бродови и воени авиони за да го надгледуваат движењето на кинеските авиони и исто така распоредија системи за противвоздушна одбрана.

Во неделата, командата на Источниот театар на Народноослободителната војска најави вежби во водите и воздушниот простор околу Тајван, чија цел е вежбање напади врз копнени цели и офанзивни дејства на море.

Тензиите во Тајванскиот теснец се засилија по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван на 2-3 август 2022 година.