Тајванските воздухопловни сили во неделата одвратиле осум кинески борбени авиони кои влегле во одбранбената зона на отцепениот остров, тврди тајванското министерство за одбрана, во време на зголемените тензии во Тајванскиот теснец.
Тајван подолго од една година се жали на зачестени мисии на кинеските воздухопловни сили во негова близина, најчесто на југозападниот дел од тајванската Зона на идентификација на противоздушната одбрана (ADIZ).
Кинеската флотила во неделата вклучувала шест борбени авиони од типот „Ј-16“, противподморнички авиони и еден авион за надзор, соопшто тајванското министерство за одбрана доцна во неделата.
Кина го смета Тајван за своја отцепена покраина и не ја отфрла опцијата територијата да ја припои и со примена на воена сила. Тајванскиет валсти истакнуваат дека островот е независна држава, и го ставила приоритетот на развојот на вооружените сили кои ги поддржуваат САД.
Претходно во октомври Тајван извести дека 148 авиони влегле во неговата ADIZ за само четири дена, што е опишано како драматична ескалација на односите меѓу Тајпеј и Пекинг.
Стануваше збор за најголемиот број кинески воени авиони коиишто ги детектирала тајванската Зона за идентификација на противвоздушната одбрана (ADIZ), откако тамошното министерство за одбрана од септември 2020 година започна со објавувањето на ваквите извештаи. Кусо по тајванското поднесување на барање за пристапување на Транспацифичкото партнерство на 23-ти септември годинава, 24 кинески борбени авиони упадна во тајванскиот воздушен простор. ADIZ соопшти дека на 15-ти јуни детектирал 28 кинески ловци, а претодно на 12-ти април годинава 25 кинески воени авиони.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкин претходно во неделата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ми кажал дека САД се противат на тавките активности на Кина кој ги засилило тензиите во Тајвинскиот теснец, објави Стејт департментот.
Во состанокот од еден час со Ванг на маргините на самитот на Г20 во Рим, Блинкен „многу јасно“ порачал дека Вашингтон се противи на секакви еднострани потези со коишто Пекинг би можел да ја промени сегашната состојба, изјави за Reuters неименуван функционер на американскиот Стејт Департмент.
Од друга страна, пак, Ванг на Блинкен му предочил дека тензиите околу Тајван ги предизвикува американската поддршка за поборниците за независноста на островот, соопшти кинеското министерството за надворешни работи.
Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.
Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти постојано остро ги критикуваат американските планови за вооружување на тајванската армија.
Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за развој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена преку теснецот во Тајпеј. Пекинг, меѓутоа, не се откажува од обединувањето на Тајван со Кина, при што не ја исклучува ниту употребата на сила.