Тајванската претседателка патува во САД и Централна Америка за да ги зајакне врските

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен патува во САД во средата, а главна цел на нејзиното патување ќе бидат Гватемала и Белизе, со кои сака да ги зајакне билатералните врски откако Тајпеј минатата седмица изгуби еден од ретките сојузници коишто минатата година се сврте кон соработка со Пекинг.

„Надворешниот притисок нема да ја намали нашата решеност да бидеме активни на меѓународната сцена, им рече Цаи на новинарите на аеродромот пред нејзиното заминување од Тајван. „Ние сме мирни и одлучни. Нема да попуштиме и нема да провоцираме (другите)“, додаде.

Белизе и Гватемала се меѓу 13-те земји кои официјално го признаа Тајван, на големо жалење на Пекинг, откако Хондурас воспостави дипломатски врски со Кина во неделата.

Кина го смета островот како дел од својата национална територија и не ги крие аспирациите за спојување па и употреба на сила доколку е потребно. Според принципот „една Кина“, кој е инаку зацртан во односите на Кина со САД, ниту една земја не треба да одржува официјални врски со Пекинг и Тајпеј во исто време.

По посетата на Њујорк, Цаи ќе ја продолжи десетдневната турнеја, по што ќе се сретне со претседателот на Гватемала Алехандро Џаматеи и со премиерот на Белизе, Џон Брисено, се наведува во соопштението за печатот од кабинетот на тајванскиот претседател. На враќање кон Тајван, Цаи ќе се „запре“ во Лос Анџелес.

Канцеларијата за прашања на Тајван во Пекинг го нарече патувањето на Цаи во САД како „провокација“ во средата.

„Тоа таканареченоо запирање на лидерката на Тајван (во САД) на нејзиното патување е всушност провокација за стекнување независност со помош на САД“, рече портпаролката Жу Фенглијан.

„Нема апсолутно никаква причина Кина да го користи ова како изговор за претерана реакција или за зголемување на притисокот врз Тајван“, изјави за новинарите во средата висок претставник на американската влада кој сакаше да остане анонимен.