Тајванската претседателка ѝ се заблагодари на Германија на поддршката

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен ѝ се заблагодари во понеделникот на Германија, бидејќи ја подржува тајванската демократија на меѓународната сцена.

На приемот за шестмината пратеници од Комисијата за човекови права на Бундестаг, Цаи ја истакна улогата на Германија како актуелен претседавач со групата Г7 и ја поздрави резолуцијата на германскиот парламент со кој се поддржува учеството на Тајван во Светското здравствено собрание, едно од многуте прашања на тензиите меѓу островот и Кина која го смета за своја одметната покраина.

„Тајван и Германија се партнери кои споделуваат заеднички вредности на демократијата и слободата. Би сакала особено да ѝ се заблагодарам на Германија на поддршката којашто му ја дава Тајван во меѓународната заедница“, изјави Цаи.

Меѓупартиската делегација, што ја води Петер Хејд од Либералната Слободна демократска партија (FDP), во неделата пристигна во четиридневна посета на Тајван.

„Штотуку ги слушнавме заканите на Кина преку изјавата на претседателот (на Кина) Кси (Џинпинг) на партискиот конгрес“, изјави Хајд.

На отворањето на 20-от конгрес на Комунистичката партија на Кина, Кси го повтори кинескиот став дека Тајван е дел од Кина кој на крајот би требало да биде „повторно обединет“ со континенталниот дел од земјата.

„Би сакал да повторам дека од германска перспектива, статус-квото на Тајванскиот теснец може да промени само на мирен начин и со двострана согласност“, изјави Хајд.

Кина не го признава суверенитетот на Тајван и го смета за своја одметната покраина, и категорично се спротиставува на секој контакт на тамошните власти со официјални претставници на власти и војските на други земји. САД во намерите да ги избегне острите тензии со Кина декларативно наведува дека го признава „статус-квото“ и принципот на „една Кина“, но американскиот закон го обврзува Вашингтон да му овозможи финансиски и материјално на островот „право на самоодбрана“.

Хајд притоа го критикуваше задржувањето на смртната казна на Хајд, опишувајќи ја како длабоко нехумана форма на казнување.

Укинувањето на смртната казна, што го бараат активистите за човекови права, долго беше тема на дискусии во Тајван. Анкетите и натаму покажуваат дека мнозинството на островот ја поддржува смртната казна. Цаи нејзиното укинување ја опиша како „универзална цел“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.