Таа ја глуми младата Јованка Броз: Успешна актерка со два факултети и МИС титула (ФОТО)

Актерката Милица Томашевиќ (29) во серијата „Јованка Броз и тајната служба“ ја игра сопругата на Јосип Броз Тито до педесетгодишна возраст, додека ликот на Јованка после тој период го оживеа Снежана Савиќ.

*Актерките Милица и Снежана во улога на Јованка Броз

Јованка Броз беше сопруга на претседателот на Југославија во екот на неговата моќ, и таа несомнено имаше глас при донесување разни одлуки.

Постојат теории за тоа кој ја донел во Белата куќа и зошто, кога работела и кој работел за неа… Речиси се било доведено во прашање, освен нејзината способност да ги држи работите под контрола колку што е можно повеќе. Таа беше сенка на Тито и се грижеше за се ..Какво беше нејзиното влијание, тоа е централната тема на серијата, а актерката Милица Томашевиќ, ја доби оваа улога.

Инаку Милица има завршено два факултети, Економски и за глума, a на 19-годишна возраст беше Мис на Косово и Метохија.

Публиката моментално ја гледа Милица Томашевиќ во втората сезона од серијата „Игра на судбината“, каде ја игра Нада.



извор:stil.kurir