Таблоид ја однесе првата победа во случајот на тужбата на Меган Маркл

CAPE TOWN, SOUTH AFRICA - SEPTEMBER 24: Meghan, Duchess of Sussex and Prince Harry, Duke of Sussex visit Waves for Change, an NGO, at Monwabisi Beach on September 24, 2019 in Cape Town, South Africa. Waves for Change supports local surf mentors to provide mental health services to vulnerable young people living in under resourced communities. (Photo by Chris Jackson - Pool/Getty Images)

Лондонскиот Висок суд во петокот отфрли дел од тужбите против таблоид за кршење на приватноста која ги поднесе американската актерка Меган Маркл, како Војвотката од Сасекс.

Меган Маркл, сопруга на принцот Хари внукот на британската кралица Елизабета Втора, го тужеше издавачот „Associated Newspapers“ поради написи кој го објави весникот Mail on Sunday, ланскиот февруари, во кои беа изнесени фрагменти од писмата коишто војвотката од Сасекс му ги испраќала на својот татко, Томас Маркл.

Во текот на минатонеделното сослушување на судот, адвокатот на весникот рече дека од случајот би требало да бидат отстранети обвинувањата дека весникот постапил нечесно и дека ликувал над семејните несогласувања, како и наводите за другите написи за кралското семејство за кои Меган тврди дека се лажни.

„Се согласувам дека сите три категории од тужбата треба да бидат изоставени од тужбеното барање“, наведува судијата Марк Варби во својата пресуда.

Адвокатите на војвотката велат дека нејзиното писмо коешто го објавило весникот претставува злоупотреба на приватни информации со што се прекршени нејзините авторски права.

Во тужбата се обвинети Mail on Sunday и други таблоиди за злоставување, понижување и манипулација со Томас Маркл, што довело до натамошни несогласувања во односот меѓу него и неговата ќерка. Двајцата не стапиле во контакт од нејзината гламурозна венчавка за принцот Хари во мај 2018 година.

Весникот ги отфрли обвинувањата дека се однесувал нечесно или злонамерно со објавувањето на фрагментите од писмата кои војвотката ги испратила на својот татко во август 2018 година, велејќи дека е „невообичаено“ тврдењето за третманот на Томас Маркл имајќи предвид дека војвотката не го контактирала да се запознае дали се согласуваат или не.

„Денешната пресуда јасно дава до знаење дека клучните елементи во случајот не се менуваат и дека ќе продолжат“, изјави портпаролот на „Schillings“, правната канцеларија којашто ја застапува Меган Маркл.

„Прекршени се правата на војвотката, легалните граници по прашањето на приватноста се прејдени. Во процеост јасно се виде до кои крајности Mail on Sunday одел користејќи искрвиени, манипулативни и нечесни тактики во однос на Војвотката од Сасекс“, се додава во изјавата на канцеларијата.

Меган и Хари во моментов живеат во Лос Анџелес, откако кон крајот на март се откажаа од своите кралски должности. Судскиот процес продолжува, но сѐ уште не е одреден датумот на следното рочиште.